maroko silen zemjotres

09.09.2023 Скопје

Најмалку 300 жртви и големи материјални штети се предизвикани од земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што доцна синоќа го погоди централниот регион на Мароко, соопштија мароканските власти.

Епицентарот на земјотресот, јавува Националниот институт за геофизика, бил идентификуван во Игил, општина во провинцијата Ал Хауз, на околу 70 километри јужно од Маракеш.

Првите информации, поткрепени со слики кои се раширени на социјалните мрежи, откриваат дека земјотресот оштетил и дел од некои историски споменици на Маракеш, а потресот бил почувствуван и во главниот град Рабат.

Подготвено од М.Н.

About Author