22.09.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина заедно со САД ќе произведува оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана.
„Ќе работиме заедно за Украина да го произведе потребното оружје заедно со Америка. Ова е ново ниво на нашето единство. Копродукцијата во одбранбената индустрија со САД е историска работа“, рече Зеленски во видео пораката, говорејќи за резултатите од неговата посета на САД.
Според него, соработката ќе може да и обезбеди на Украина нова индустриска база и нови работни места.
За време на посетата на Вашингтон, Зеленски се сретна со американскиот претседател Џо Бајден, претставници на Конгресот и Сенатот, а денеска САД ги објавија деталите за новиот пакет воена помош за Украина од 325 милиони долари.
Овој пакет вклучува, меѓу другото, касетна муниција, противтенковско оружје и ракети за системите за воздушна одбрана HIMARS, соопшти американската администрација.
Подготвено од А.Ѓ.