01.09.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја развила оружје што може да погоди цел оддалечена 700 километри.
Во објава на неговиот канал Телеграм, Зеленски рече дека оружјето е произведено од Министерството за стратешка индустрија на Украина, но не даде други детали.
Во средата Москва извести за напад со беспилотно летало врз пет региони во централна Русија и областа Псков во северозападниот дел на земјата, каде што беше погоден градскиот аеродром, кој се наоѓа на околу 700 километри северно од украинската граница.
Русија ја обвини Украина за нападите, иако Киев не го потврди тоа.
Украинските власти обично ниту ја потврдуваат ниту негираат одговорноста за нападите на руска територија, а денешното соопштение на Зеленски е најјасно навестување дека Украина стои зад вчерашните напади.
Подготвено од А.Ѓ.