09.09.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема намера да започне мировни преговори со неговиот колега од Руската Федерација Владимир Путин.
Зеленски изјави дека смртта на Евгениј Пригожин, лидер и основач на руската паравоена компанија „Вагнер“, јасно покажува што се случува со оние кои работат со претседателот на Русија.
Претседателот Зеленски, исто така, ја негираше можноста за почеток на мировни преговори со неговиот руски колега, наведувајќи дека „не може да се води дијалог со лажго“.
Смртта на Пригожин, која се случи по падот на авионот со кој патуваше, во регионот Твер, е предупредување на кое што мора многу да се внимава, додаде претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Подготвено од М.Н.