04.09.2023 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави разрешување на министерот за одбрана Олексеј Резников.
Одлуката која извесен период ја очекуваа украинските медиуми беше оправдана од претседателот наведувајќи ја потребата од „нови пристапи“ кон конфликтот против Русија, кој трае веќе 19 месеци.
Зеленски истака дека оваа недела ќе побара од парламентот да донесе одлука за разрешување на министерот за одбрана на Украина.
Олексеј Резников се соочи со повеќе од 550 дена отворено војување, истакна Зеленски, кој исто така ја потврди својата намера да му го додели раководството на Министерството за одбрана на бизнисменот и инвеститор Рустем Умеров, поранешен заменик-шеф на постојаната делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа и директор на Фондот за државен имот.
Најавата за смената на Режников доаѓа веднаш по серијата корупциски скандали во кои е вмешано Министерството за одбрана, кои веќе доведоа до разрешување на неколку високи функционери, оставка на заменик-министерот и одлука на претседателот да ги отстрани сите офицери кои беа задолжени за регионалните воени регрутни центри.
Подготвено од М.Н.