20.09.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред Генералното собрание на ОН, изјави дека целта на Русија е со својата инвазија да ја претвори Украина во оружје против „меѓународниот поредок заснован на правила“.
„Многу места во салата на Генералното собрание може да се испразнат ако Русија успее со своето предавство и агресија“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија треба да се запре.
Во своето прво обраќање во Обединетите нации, украинскиот претседател рече дека светот мора да се обедини за да ја победи руската агресија во Украина.
„Јасно е, обидот на Русија да го искористи недостигот на храна на глобалниот пазар во замена за признавање на некои, ако не и сите, освоени територии. Русија ги лансира цените на храната како оружје. Нивното влијание се протега од атлантскиот брег на Африка до Југоисточна Азија“, рече Зеленски.
Зеленски апелираше до светските лидери „да ја ограничат руската употреба на нуклеарни централи“.
Тој исто така изјави дека војната во Украина е последна во долгата листа на руски конфликти.
„Омразата против една нација никогаш не запира тука. Секоја деценија Русија започнува нова војна. Делови од Молдавија и Грузија остануваат окупирани. Русија ја претвори Сирија во урнатини. Русија речиси ја проголта Белорусија. Очигледно им се заканува на Казахстан и другите балтички земји“, рече Зеленски.
Тој рече дека работи на глобален мировен самит, но не кажа кога ќе се одржи.
Во својот говор, Зеленски ја осуди, како што наведе, руската воена практика на насилно носење украински деца во Русија, нарекувајќи ја „геноцид“.
„Ги знаеме имињата на десетици илјади деца и имаме докази за стотици илјади други кои беа киднапирани од Русија на окупираните територии на Украина и подоцна депортирани“, рече тој.
Претседателот на Украина посочи дека пристанишните градови и инфраструктура се предмет на сè почести напади од Русија, како и дека Украина работи на воспоставување копнени патишта за извоз на украинска храна и ги повика лидерите да ги поддржат овие иницијативи.
Подготвено од А.Ѓ.