bajden sredba zelenski japonija

15.09.2023 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера следната недела да присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и да се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден.

Анонимен киевски функционер ја потврди оваа информација, без да прецизира дали средбата ќе се одржи во Њујорк, на маргините на Собранието или во Белата куќа.

Зеленски и Бајден последен пат остварија средба во јули во Вилнус, Литванија, по повод самитот на лидерите на НАТО.

Подготвено од М.Н.

About Author