27.09.2023 Скопје
Директорот на косовската полиција за регионот на Северна Митровица, Ветон Ељшани, потврди дека операцијата на косовската полиција, вршење претрес, проверка на теренот и потрага по оружје, во село Бањска во општина Звечан е завршена.
Според него, во Бањска се уште се пропуштаат само локални жители.
„Засега само мештаните можат да влезат во Бањска, а денес ќе се одлучи да се отвори селото“, изјави Ељшани.
Тој додава дека одлуката треба да ја донесат привремените приштински институции.
Од неделата кога дојде до судир меѓу т.н на косовската полиција и група Срби од Косово и Метохија затворени се сите приоди кон селото Бањска.
Според официјалните податоци на косовската полиција, убиени се еден полицаец и тројца Срби.
Во рамки на тридневната акција што ја спроведува полицијата, Косово уапси осум Срби и конфискуваше, како што се наведува, поголемо количество оружје, муниција, како и друга опрема, вклучително и возила.
Подготвено од А.Ѓ.