22.09.2023 Скопје
На северот на Шведска изгледа дека зимската сезона веќе започна сериозно, а метеоролошката служба издаде портокалово предупредување за снег и ветер во комбинација со снежни врнежи во делови од внатрешноста на северниот дел на Норботен.
Некои градови наврнаа многу снег, а во Кируна во Лапонија измерени се и до 40 сантиметри снег, што е најголема количина во овој дел од годината во последните 118 години.
Локалниот сообраќај е привремено во прекин, како и училишните автобуси во центарот на Кируна и Јукасјарви.
Септемврискиот снежен рекорд на Шведска е 62 сантиметри во Сосјо во Јамтланд, а толку снег падна на 28 септември 1954 година.
Во јужните делови на Шведска, пак, снегот е далеку, па во Скане до крајот на оваа недела се очекуваат температури и до 25 степени.
Meanwhile, Kiruna in Sweden had 40cm of snow yesterday ❄️☃️ pic.twitter.com/a8nq8W8BbE
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 21, 2023
Подготвено од А.Ѓ.