https://www.facebook.com/photo?fbid=877022613788650&set=a.256125405878377

11.09.2023 Скопје

Претседателот Стево Пендаровски во Скопје ги пречека претседателите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

На состанокот присуствуваат претседателите на земјите од Западен Балкан, како и претседателите на Хрватска и Словенија во улога на кодомаќини.

Европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите ќе бидат во фокус на годинашниот состанок на лидерите.

Во 2013 година, во Брдо кај Крањ, првпат се одржа Процесот Брдо-Бриони на заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска.

Главна цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author