19.09.2023 Скопје
Денеска во Њујорк започна неделата на состаноци на високо ниво во рамки на 78. заседание на Генералното собрание на ОН.
Средбите на високо ниво ќе се одржуваат од денеска до сабота, 23 септември и вторник, 26 септември.
На гореспоменатите состаноци ќе присуствуваат светски лидери, вклучително и претседатели на држави, премиери, министри за надворешни работи и членови на меѓународни организации.
Во текот на неделата нема да се спроведуваат санитарните мерки кои беа на сила за време на пандемијата на Ковид 19, а учесниците се должни лично да присуствуваат на состаноците доколку сакаат да им се обратат на други дипломати, бидејќи не се дозволени видео пораки.
Во рамки на општите политички дебати, на собранието ќе се обратат претседавачот со 78. сесија Денис Френсис и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а потоа на присутните ќе им се обрати и претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва.
Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе биде единствениот лидер на постојана членка на Советот за безбедност на ОН што ќе присуствува на седницата оваа година, бидејќи лидерите на Русија, Кина, Велика Британија и Франција не планираат да патуваат во Њујорк. Руската делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во текот на неделата планира да одржи дваесетина билатерални средби во Њујорк.
На Генералното собрание денеска ќе се обрати и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Подготвено од А.Ѓ.