05.09.2023 Скопје
Поранешниот пратеник во Европскиот парламент и лидер на партијата Патриот, Флоријан Филипо, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон продолжува да доделува огромни пакети помош за режимот во Киев, и покрај внатрешните проблеми.
Филипо на социјалната мрежа Икс напиша дека од јануари минатата година, француската влада и плаќа на Украина 300 милиони евра месечно.
Тој изјави дека добротворната организација „Restos du Coeur“, која дистрибуира пакети со храна на оние кои имаат потреба, се соочува со акутен недостаток на средства, кој се проценува на 35 милиони евра.
„За „Restos du Coeur“ недостасуваат 35 милиони евра. Луѓето се изложени на ризик од глад“, изјави Филипо.
Подготвено од А.Ѓ.