sudski sovet razgleduvanje izvestaj apelacija

18.09.2023 Скопје

Белгискиот суд осуди осум мажи на казни од 20 години до доживотен затвор за исламистичките бомбашки напади во Брисел во 2016 година, во кои загинаа 32 лица.

Мажите беа прогласени за виновни за убиство и обид за убиство во два бомбашки напади на бриселскиот аеродром и напад во градското метро на 22 март 2016 година.

Меѓу осудените е и Салех Абдеслам, главниот осомничен во судскиот процес за нападите во Париз во кои загинаа 130 лица.

Белгискиот суд оцени дека е доволна француската доживотна казна затвор за неговата улога во нападите во Париз во 2015 година и 20-годишната затворска казна за пукањето во Брисел, и тој не доби дополнителна казна.

Абдеслам беше во бегство и по нападот во Париз, а беше уапсен во Брисел четири дена пред нападот во Белгија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author