vuchich and eu

14.09.2023 Скопје

Пропаднаа разговорите кои штотуку завршија меѓу Александар Вучиќ, претседателот на Србија и Албин Курти, премиерот на самопрогласеното Косово, со посредство на ЕУ.

Имено, како што рече Вучиќ, чие обраќање пред новинарите е во тек, разговорите не вродиле со плод бидејќи немало предлози за начин за нормализирање на односите.

„Како Србија го прифативме компромисниот предлог на ЕУ, но Курти не сакаше да го прифати и средбата заврши“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека на средбата имало многу непријатни ситуации, а го обвини Курти дека повторно го избегнува формирањето на Заедницата на српските општини.

„Тоа е суштината на се. Србија не бега од обврските, но ние и ЕУ кажавме каков е распоредот. Го прифативме тој предлог и покрај тоа што воопшто не е лесен, а Курти го одби“, изјави Вучиќ.

Вучиќ и Курти разговараа со посредство на Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author