https://www.facebook.com/photo.php?fbid=779574223755726&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

21.09.2023 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека премиерот на самопрогласеното Косово, Албин Курти, започнал една од последните операции насочени кон расчистување на Србите од Косово и Метохија и додаде дека ќе побара помош од Кина, како и седница на Советот за безбедност на ОН.

Вучиќ рече дека се разгледуваат можностите и додаде дека доколку не се дозволи итна седница, тоа секако ќе биде сигнал.

„Очигледно е кој е виновен овде и јасно е кој го поддржува Курти, така што сè ќе биде јасно дури и ако ја одбијат итната седница. Ќе разговараме за тоа во сабота или недела и ќе донесеме конечна одлука“, изјави Вучиќ.

Тој порача дека Србија ќе работи и ќе реагира согласно своите интереси и дека нема да дозволи некој за два-три дена да реши нешто што го има на ум.

„Можеме да очекуваме поширока поддршка од Кина. Сега ги броиме членовите на Советот за безбедност, ни требаат девет членови на наша страна“, посочи Вучиќ.

Тој изјави дека има интензивни разговори со меѓународните претставници за Косово и Метохија, додавајќи дека сега е јасно по заканите на Курти дека „Србите ќе страдаат и ќе платат“, дека Курти започнал една од последните операции со цел да ги исчисти Србите од Косово и Метохија.

Вучиќ ги повика сите меѓународни претставници да реагираат.

Претседателот на Србија рече дека главна тема на неговиот говор во Њујорк ќе бидат главните принципи на меѓународното право, како и Косово и Метохија.

„Сакам да оставам трага со тој говор и ги молам граѓаните на Србија да го слушаат. Ќе ја зборувам вистината и фактите и верувам дека на многумина нема да им се допадне. Ние само тоа го бараме, бидејќи тоа се почитува во Украина и треба да се почитува и кај нас, а тоа е територијалниот интегритет на Србија“, рече Вучиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author