20.09.2023 Скопје
Меѓународниот кривичен суд во Хаг соопшти дека во текот на претходната недела бил извршен напад врз компјутерскиот систем на оваа институција.
Портпаролот на судот Фади Ел Абдалах во писмена изјава рече дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, како и дали зад нападот стои странска влада.
Да потсетиме, Меѓународниот кривичен суд во Хаг истражува геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства и ги гони осомничените.
Информациите со кои располага МКС се многу чувствителни, а како што се наведува, за осомничените би можело да биде интересно да знаат дали против нив се води истрага и кого Судот сослушува како сведоци.
Подготвено од А.Ѓ.