Arnhem, 23 februari 2021.Opleiding nieuw LBO peloton KMar

25.09.2023 Скопје

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Париља изјави дека непознато лице фрлило два молотови коктели врз кубанската амбасада во Вашингтон.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека никој од вработените во Амбасадата не е повреден.

„Кубанската амбасада во САД синоќа беше цел на терористички напад на непознато лице, кое фрли два молотови коктели. Нема повредени вработени. Се проверуваат детали“, напиша Париља.

Според него, ова е втор напад врз Амбасадата во Вашингтон од 2020 година.

„Антикубанските групи прибегнуваат кон тероризам бидејќи не се чувствуваат казнети и тоа е нешто за што Куба постојано ја предупреди Америка“, нагласи Париља.

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, го осуди нападот врз кубанската амбасада и изрази солидарност со кубанските власти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author