kuchinja

29.09.2023 Скопје

Во Шпанија денеска стапи на сила новиот закон со кој се забранува користење на животни за рекреативни активности кои им предизвикуваат болка и страдање, но борбите со бикови и ловот со кучиња се се уште дозволени.

Тоа е првиот закон во Шпанија кој се занимава со правата на животните, а конкретно е насочен кон малтретирање на домашните животни, за што е предвидена казна од 200.000 евра.

Законот забранува купување миленичиња во продавници или онлајн, но на продавниците им дава „грејс период“ да најдат домови за животните.

Почнувајќи од денеска домашните миленици може да се купат само од регистрирани одгледувачи.

Во исто време, новиот закон им дозволува на домашните миленици да влезат во повеќето објекти, вклучително и ресторани и барови.

Употребата на диви животни во циркусите е забранета, но на зоолошките градини им е дозволено да користат морски цицачи во нивните претстави за делфини се додека животните не умрат.

Според официјалните проценки, во Шпанија има околу 29 милиони домашни миленици, од кои повеќето кучиња, но околу 300.000 од нив се напуштаат секоја година.

Законот воведува и задолжително осигурување и регистрација на домашни миленици, како и обука на сопствениците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author