18.09.2023 Скопје
Американски борбен авион Ф-35 исчезна во Јужна Каролина откако пилотот катапултира, а воените претставници апелираат до јавноста да и помогне да го пронајдат „невидливиот“ авион.
Потрагата е фокусирана на областа околу езерото Мотри и езерото Мерион северно до Северен Чарлстон, каде што се наоѓа воената база.
Пилотот безбедно се катапултирал за време на несреќата и е во стабилна состојба во болница.
Локалната конгресменка Ненси Мејс праша „како е можно да се изгуби Ф-35“.
„Дали нема уред за следење на авионот и сега бараме од граѓаните да го најдат?“, изјави таа на социјалните мрежи.
Во потрагата бил вклучен и хеликоптер.
F-35 Lightning II е петта генерација на повеќенаменски борбен авион со ниска набудливост со еден мотор, развиен од Lockheed Martin.
Подготвено од А.Ѓ.