komarci prskanje skopje

11.09.2023 Скопје

Од Град Скопје соопштија дека од денеска до 15 септември на подрачјето на градот ќе се врши терестрична дезинсекција против комарци.

Во соопштението е наведено дека прскањето ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наутро.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини, стои во соопштението.

Во соопштението се упатува апел до пчеларите, навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Подготвено од М.Н.

About Author