zaplenet kokain eu srbija

01.09.2023 Скопје

Во меѓународна акција предводена од припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал и БИА, а во координација со Европол и неколку европски полициски сили, од едрилица запленети се 2,7 тони кокаин во Атлантскиот Океан, додека во Србија, со уште тројца осомничени е уапсен организаторот на оваа организирана криминална група С.К. (1953).

Според соопштението на МВР, покрај С.К., во Србија биле уапсени и членови на оваа организирана криминална група Н.С. (1988), Н.С. (1980) и Б.К. (1983).

Истрагата за оваа организирана криминална група ја покрена криминалистичката полиција на Полициската управа за град Белград во јануари 2022 година поради сомнение дека се занимавала со шверц на големо кокаин од Јужна Америка во ЕУ, а активностите против оваа мрежа беа проширени и на други светски полиции и координирана истрага предводена од Европол, во рамките на оперативната работна група „Балкански картел“.

Надлежните органи на Шпанија, Бразил, Хрватска, Франција, Полска, Португалија и Словенија со координација на Европол учествуваа во операцијата која ја водеше Србија.

На 24 август годинава, врз основа на заедничко оперативно работење, уапсени се шест лица, од кои четири на територијата на Србија, претресени се 15 станови, 2,7 тони кокаин, две возила од висока класа, скапи рачни часовници и над 550.000 евра се запленети. Исто така, во рамки на финансиската истрага, блокирани се и поголем број банкарски сметки и имоти.

Се сомнева дека оваа организирана криминална група превезувала кокаин од Јужна Америка, дека обезбедувала едрилици, а пратките се испраќале со помош на шифрирана комуникациска платформа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author