italijanska policija

23.09.2023 Скопје

Повеќе од 50 лица се уапсени за време на полициски рации насочени против мафијата Ндрангета во Италија, соопшти специјалната единица на италијанската полиција Карабинери.

Операцијата „Карпантос“, во која учествуваа повеќе од 400 полицајци, ја предводеше Никола Гратери, еден од најпознатите италијански истражители за операции против мафијата.

Во соопштението се наведува дека се уапсени 38 лица, на шестмина им е одреден домашен притвор, додека на осум им е наредено да не ги напуштаат градовите каде што живеат.

Инспекторите открија различни криминални активности поврзани со Ндрангета, вклучително и трговија со дрога, перење пари и изнуда од големи размери.

Ндрангета ја замени сицилијанската Коза Ностра во улогата на најмоќната мафијашка организација и се рашири низ Европа и светот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author