Image by Juraj Varga from Pixabay

02.09.2023 Скопје

Жителите на Германија мислеа дека заштитните маски што ги носеа повеќе од две години се минато, но се чини дека грешат. Членот на Зелените Јанош Дахмен повторно предлага носење заштитни маски.

„Бројот на заразени со коронавирус повторно се зголемува и носењето маски повторно има смисла, особено во постудените месеци“, рече Дахмен.

Претседателот на Германското лекарско здружение вели дека има смисла да се носат маски и да се вакцинираат.

„Со цел да се заштитите од акутни респираторни заболувања, можеби има смисла да носите заштитна маска во старечки установи, клиники и други делови од здравствениот систем оваа есен“, објаснува Дахмен за медиумите.

Според него, германскиот здравствен систем би можел повторно да биде оптоварен во претстојната сезона есен-зима.

Дахмен е загрижен бидејќи е зголемен бројот на заболени од грип и коронавирус. Здравствениот експерт ги советува старите лица дополнително да се вакцинираат.

Институтот Роберт Кох бележи зголемување на бројот на заболени од коронавирус. Германските медиуми истакнуваат дека бројот на заболени е многу мал, и дека нема причина за загриженост.

Важно е да се напомене дека Германија е една од последните земји во Европа што ги укина „мерките за корона“.

Долго време жителите мораа да носат заштитни маски во јавниот превоз, како и во јавните институции како што се болниците, училиштата и градските институции.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author