francija france

01.09.2023 Скопје

Законот, кој годинава предизвика масовни протести низ Франција, ќе стапи на сила денеска.

Контроверзниот закон, потпишан од Емануел Макрон само еден ден по неговото усвојување на 14 април, постепено ќе ја зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година.

Самиот процес на донесување на овој закон предизвика незадоволство кај јавноста, а стотици илјади луѓе излегоа на протести ширум земјата. Во неколку случаи, полицијата морала да употреби мерки за контрола на толпата за да ги растера демонстрантите.

Покрај собирот на демонстрантите на улиците, за време на протестот работниците штрајкуваа во многу сфери, сообраќајот беше прекинат низ цела Франција, рафинериите за нафта престанаа да работат, некои училишта исто така беа затворени, а комуналните услуги ги оставија улиците валкани.

Опозицијата се обиде да ја отфрли реформата, но и тоа беше неуспешно.

Нов бран протести секако се очекува во Франција. Француските синдикати најавија дека ќе продолжат да се борат против реформата со нови мерки и дека ќе бараат зголемување на платите поради инфлацијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author