evropa mapa

01.09.2023 Скопје

Податоците на Евростат покажуваат дека во Република Северна Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Северна Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак.

Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Северна Македонија, има во Турција (2,8%) и во Белорусија (13,0%). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 проценти од живородените деца се од родители кои не биле во брак, во Хрватска 23,6, во Србија 30, во Словенија, 57,7 отсто, а во Бугарија 59,9 отсто.

Речиси во цела Северна и Западна Европа, поголемиот број од децата биле родени надвор од брак. Процентот на вонбрачни деца е највисок во Исланд (69,4%), во Франција (63,5%) и во Португалија (60,0%).

Во повеќето земји од Источна Европа, тој број е под 30 проценти, а убедливо највисок е во Бугарија (59,9%) и во Чешка (48,5%).

Продолжува трендот на намалување на стапките на бракови, особено во Северна и Западна Европа, што резултира и со раѓање на бебиња од родители кои не се во брак или во граѓанско партнерство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author