jajva

26.09.2023 Скопје

Во Европската унија во текот на август просечната цена на јајцата била 2,07 евра за килограм, а во просек паднала за 12 отсто. Од членките на ЕУ, јајцата биле најскапи во Грција и Хрватска.

Според податоците на европската статистичка служба Евростат во август највисока просечна големопродажна цена на јајцата од класата L и M има во Грција (3,12 евра за килограм) и во Хрватска (2,83 евра). Просекот на ЕУ беше 2,07 евра.

Во август јајцата чинат 1,60 евра за килограм во Белгија, 2,03 евра во Германија, 1,83 евра во Франција и 1,67 евра во Чешка.

Споредено со јуни годинава, просечната цена на јајцата во Хрватска е за 0,9 отсто пониска.

За два месеци цената на јајцата во Белгија паднала за 25 отсто, во Германија за 11 отсто, во Шпанија за 10 отсто, во Унгарија за 11 отсто, а во Полска за 14 отсто.

Цената на јајцата во ЕУ во просек падна за 12 отсто.

Цената на 10 јајца во супермаркетите во Србија, односно во малопродажба чини од 234 динари (1,9 евра или 0,19 по парче) до 244 динари (2 евра или 0,2 по парче) за класа Л, додека М класа поевтинува за 10 динари.

Според податоците на Информативниот систем за пазарни цени во земјоделството (ТИСУП) во Хрватска, на големо (без ДДВ, трошоци за испорака) цената на јајцата по парче во текот на август чинела 0,17 евра за класа М и 0,18 за класа Л.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author