koli

27.09.2023 Скопје

Преку лобирање, Германија успеа да овозможи нови автомобили со дизел и бензин да се продаваат во Европската унија од 2035 година – доколку работат на синтетички горива.

Сите други автомобили со мотори со внатрешно согорување ќе бидат забранети. Сепак, ЕК сега претстави предлог за вклучување во сообраќајот на нови возила со мотори со внатрешно согорување што работат на е-гориво. Со овој предлог Комисијата овозможува е-гориво, но де факто ги оневозможува, барем така Алијансата за е-гориво го толкува предлогот за регулатива, кој се залага за користење на е-гориво.

Предлогот кој сега е на маса е толку рестриктивен што не може да се спроведе во пракса, тврдат од здружението.

Така, забраната за мотори со внатрешно согорување ќе стапи на сила во 2035 година. Која е суштината на предлогот?

При производството на eFuel, CO2 се зема од воздухот, кој подоцна, преку согорување во автомобилите, се враќа во атмосферата. Затоа, она што се зема, се враќа, па емисијата на CO2 е нула.

Но, ЕК сега бара системи и резервоари со нула емисија на CO2 да се користат во синџирот на транспорт, складирање и дистрибуција на гориво, што е утопија од денешна перспектива.

„Затоа, 100% намалување на емисиите е речиси невозможно. Ова се однесува на сите технологии, вклучително и електромобилноста. Се додека транспортот и дистрибуцијата не се покриени со обновливите извори на енергија, невозможно е да се постигне целосно намалување на емисиите“, велат од eFuel Алијансата, јасно покажувајќи го прстот кон електромобилноста, која исто така не е исчистена од емисиите на CO2.

ЕК најави дека новите бензински и дизел мотори, произведени од 2035 година наваму, ќе мора да бидат опремени со специјални системи кои ќе препознаваат синтетичко гориво. Ако им точите класичен бензин и дизел, нема да можат да стартуваат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author