avstriska policija

05.09.2023 Скопје

Австриската управа за државна безбедност и разузнавање соопшти дека во градот Линц, поточно во областа Линц-Ланд, разбиена е радикална исламистичка група од десет членови.

Девет мажи и една жена на возраст меѓу 15 и 23 години, наводно, биле вмешани во терористичките организации Исламска држава (ИСИЛ) и Кавкаскиот емират. 18-годишник веќе е во притвор.

Осомничените се од Австрија, Турција, Ирак, Руската Федерација и Хрватска (имале државјанства на тие земји) или се без државјанство. Тие живеат во областа Линц-Ланд, а некои имаат криминални досиеја.

Според соопштението на ДСН, осомничените „воделе кампања за терористички групи“ и наводно поставиле посебна просторија за молитва украсена со знамето на ИСИЛ. Во претресите на куќите на почетокот на јули беа одземени десетици мобилни телефони, лаптопи, персонални компјутери, други носачи на податоци и пропаганден материјал.

Групата е обвинета за поттикнување на 19-годишник кој напишал графити „ИСИЛ“ во Св. Полтена со што е направена имотна штета. Младиот е осуден на две години делумно условна затворска казна. Против осомничените се води истрага поради сомнение за сторено кривично дело криминално и терористичко организирање.

Управата за заштита на Уставот се уште е воздржана околу изнесувањето на сите детали во јавноста.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author