05.09.2023 Скопје
Во првата половина на 2023 година во Алжир беа направени околу десет нови откритија за нафта и гас, изјави директорот на одделот за истражување Рабие Баџи, според кој откритијата се направени благодарение на дупчењата започнати од почетокот на 2023 година под надзор на националната нафтена компанија Sonatrach.
Според Баџи, повеќето од овие откритија се наоѓаат во близина на постоечките капацитети и сегашните експлоатациони области, што ќе и овозможи на компанијата брзо да ги стави во функција.
Sonatrach врши ревизија и евалуација на профитабилноста на овие откритија и ќе ги објави резултатите пред крајот на тековната година, истакна Баџи, откривајќи дека истата компанија планира да ископа 45 бунари во производните области на национално ниво преку 3D операции за истражување, со користење на најсовремени технологии.
Од 45 бунари, 23 се веќе ископани, а останатите 22 ќе бидат ископани до крајот на 2023 година, додаде директорот на одделот за истражување, Рабие Баџи.
Подготвено од М.Н.