11.09.2023 Скопје
Сојузната влада издаде наредба на германскиот одбранбен конгломерат Рајнметал да испорача уште 40 оклопни пешадиски борбени возила Мардер на Украина, соопшти компанијата, додавајќи дека нарачката датира од август и е со вредност од десетици милиони евра.
Возилата, кои Рајнметал ги ремонтира „со полна брзина“, се очекува да бидат испорачани во Украина до крајот на 2023 година.
Станува збор за оклопни возила од моделот 1A3, претходно купени од Рајнметал од германските вооружени сили (Бундесвер), каде што беа отстранети од употреба.
Од пролетта 2022 година, конгломератот почна да ги поправа возилата „на свој трошок“ со цел веднаш да ги стави во функција за употреба од страна на украинската армија.
Работата се одвива во фабриките Рајнметал во Унтерлуес и Касел, и до десет примероци месечно може да се доставуваат до поранешната советска република.
Произведен од истата компанија, Mардер е во служба од 1971 година во германската армија, а потоа во 2015 година е заменет со Пума.
Подготвено од М.Н.