27.09.2023 Скопје
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради синдикален протест утре во 09:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје.
Протестот ќе се одвива по улиците „Мирче Ацев“ – ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Владата.
„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје“, потенцираат од Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издава полицијата по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.
Подготвено од А.Ѓ.