12.09.2023 Скопје
Украина има намера да побара помош од јапонската влада за зајакнување на капацитетите за воздушна одбрана, особено против беспилотни летала.
Андриј Сибиха, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател, изјави дека Киев има намера да побара од Токио набавка на системи за електронско заглавување за одбрана на критичните инфраструктури од самоубиствени дронови од Иран.
Сибиха, кој е задолжен за надзор на дипломатијата, националната безбедност и односите со Јапонија, го придружуваше претседателот Володимир Зеленски во Хирошима во мај на самитот на Г7.
Јапонија и Украина планираат да започнат разговори за билатерален безбедносен договор, што беше предмет на разговор и минатата сабота, по повод ненадејната посета на министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши на Киев.
Што се однесува до повоената реконструкција, функционерот истакна дека за Киев е важно производството на големите јапонски компании да бидат лоцирани во Украина.
Подготвено од М.Н.