https://www.flickr.com/photos/paszczak000/9689440088/in/photolist-fLdUXS-9GFFoY-HDoQ7a-p3qUr9-6WWsrK-ocqJFa-dPL3oF-gRBHq6-fkr5E6-6WVWS8-aVQFYP-87tPkz-6LBbYK-9HAYja-fiiZg5-5Tub1Z-gkByfv-agas1Z-673kDq-ocqRpu-76oQ4b-87pjLG-8FhGRG-rijXZe-q4kVqu-8Hi8Vo-xwbiYM-8QiMv1-omcBRv-8ShbcS-SevKjN-6y6JMW-fkFeVA-fwuruV-N4U8n6-8ktdGv-b8DncM-w9fiqf-z2aPyp-fndvzd-BKwf8H-hxfvB-K1pBGW-csdiqQ-9Y6hSb-HJrqv6-5aPEQL-6aE4wQ-ctQDUL-eSEib9

05.09.2023 Скопје

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека Украина нема да прави отстапки во врска со обновувањето на договорот за извоз на жито преку Црното Море, за што разговараше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Нашиот став е праведен – не треба повеќе да бидеме заложници на руската уцена, кога Русија создава проблеми, а потоа ги повикува сите да ги решат“, изјави Кулеба.

Според украинскиот министер за надворешни работи Кулеба, украинските дипломати контактирале со турските колеги пред средбата на Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи и „јасно објасниле се“.

Кулеба претходно изјави дека очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да разговара со Ердоган.

„Убеден сум дека врз основа на резултатите од разговорот на Ердоган со Путин, ќе има контакт меѓу претседателот Ердоган и претседателот Зеленски“, рече Кулеба, додавајќи дека постои доверба во односите меѓу претседателот Зеленски и Ердоган.

Во текот на вчерашниот ден, Ердоган се сретна со Путин во Сочи, а по средбата Путин изјави дека Русија е подготвена да го оживее договорот за жито, штом ќе се исполнат ветувањата дадени кон неа.

Турскиот претседател рече дека очекувањата на Русија во однос на Црноморскиот договор се „праведни“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author