21.09.2023 Скопје
Европската фудбалска асоцијација го казни Фудбалскиот сојуз на Романија играјќи еден натпревар без присуство на публика и со 52.000 евра поради навивачки инциденти на натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 година против самопрогласеното Косово.
Во одлуката беше наведено дека казната е изречена поради расизам, политички пораки, палење факели, фрлање предмети во теренот и блокирање на преминот на трибините, соопшти УЕФА.
На 12 септември Романија го победи Косово 2:0 во квалификацискиот натпревар.
Натпреварот беше привремено прекинат во 23. минута поради скандирањата на тамошните навивачи: „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“.
Поради тоа косовските фудбалери го напуштија теренот, а потоа дојде до разгорување од страна на локалните навивачи.
Романија не го признава Косово како независна држава.
Репрезентацијата на Романија на 15 октомври без присуство на навивачи ќе биде домаќин на тимот на Андора.
Подготвено од А.Ѓ.