06.09.2023 Скопје
Помошта и солидарноста на македонските граѓани за време на земјотресите во Турција не беше заборавена.
Турската влада донесе одлука, ново изградено училиште во градот Малатија, да го носи името на нашата држава, а 32-те училници во него да ги носат имињата на македонските градови.
Од Црвениот крст, соопштија дека средствата собрани во акцијата за помош ќе бидат наменети за изградба на училиште во градот Малатија.
„Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција“, стои во соопштението на Црвен крст.
Подготвено од М.Н.