kavadarci besplaten obrok

22.09.2023 Скопје

Општина Кавадарци е прва општина во Република Северна Македонија која реализира проект со кој учениците од прво до петто одделение во основните училиштта во општина Кавадарци ќе добиваат бесплатен оброк.

За оваа учебна година, општината од буџетот обезбеди 19,5 милиони денари за оброк на 1810 ученици.

Директорите ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и во ООУ„Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци нагласија дека учениците редовно добиваат оброк и се задоволни.

„Менито е нутриционистички изготвено и вклучува разновидна храна, пијалак и овошје“, истакна градоначалникот Митко Јанчев.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author