22.09.2023 Скопје
Централната банка на Турција повторно ја зголеми референтната каматна стапка, која сега изнесува 30 отсто, во континуиран напор да ја спречи растечката инфлација.
Централната банка соопшти дека растот на инфлацијата е над очекувањата во последните неколку месеци и дека за да се потисне тој тренд, најверојатно ќе има дополнителни зголемувања на каматните стапки.
Банката соопшти дека поскапувањето е неопходно поради поскапувањето на услугите и поскапувањето на нафтата. Во моментов каматната стапка во земјава е на ниво невидено од 2003 година.
Во соопштението се наведува дека стапката на инфлација во Турција во август пораснала на 58,9 отсто.
Банката забележува дека ќе одржува затегната монетарна политика се додека трендот на инфлација не се подобри значително.
Економијата на Турција беше во хаос во последниве години, бидејќи лирата ослабе и трошоците се зголемија. Инфлацијата се намалува откако во ноември минатата година достигна рекордно високо ниво од 85,5 отсто, но од јуни таа рапидно расте.
Подготвено од А.Ѓ.