ТУНИС ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ВО ДРЖАВАТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПАРЛАМЕНТОТ НА ЕУ

14.09.2023 Скопје

Владата на Тунис и забрани влез во земјата на делегација од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (Афет).

Ова беше потврдено и во нота од комисијата Афет, која ја осуди одлуката донесена од властите во Тунис.

Од Европскиот парламент со соопштение ја осудија ваквата одлука на туниските власти, и бараат детално објаснување за оваа непромислена одлука.

Ваквото однесување е без преседан од демократската револуција во 2011 година, стои во соопштението.

„Продолжуваме да бидеме подготвени и да инсистираме на дијалог за клучните прашања, бидејќи овој Парламент секогаш ја поддржувал агендата за глобална соработка, вклучително и зајакнување на демократијата и финансиската поддршка, како што е договорено во Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Тунис“, се истакнува во соопштението.

Подготвено од М.Н.

About Author