07.09.2023 Скопје
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се откаже од трката за Белата куќа дури и ако обвинителството вети дека ќе ги повлече сите обвиненија.
Трамп се соочува со 91 обвинение во четири кривични случаи, а обвинението го нарекува политички процес и обид на Демократската партија да ја спречи неговата кандидатура за нов мандат како претседател на САД.
Трамп не исклучува дека ќе му биде понудена размена – откажување од сите обвиненија во замена за негово повлекување од претседателската трка и политика.
„Мислам дека се подготвени за тоа. Мислам дека тоа би го направиле токму сега“, вели Трамп и посочува дека нема да се согласи на такви понуди.
Доколку биде осуден, Трамп се соочува со казна затвор од 20 години, а доколку биде осуден на максимална за секоја точка од обвинението и тие казни се соберат заедно, може да добие повеќе од 700 години затвор.
Сите анкети покажуваат дека Доналд Трамп убедливо ќе ги победи останатите републикански кандидати во трката за номинација за Белата куќа.
Подготвено од А.Ѓ.