svetska banka

26.09.2023 Скопје

Според најновиот извештај на Светската банка, годишниот бруто домашен производ на Република Северна Македонија би се зголемил во просек за 0,6 отсто доколку се намалат бариерите за влез на пазарот на труд за ЛГБТИ лицата кои се соочуваат со дискриминација поради нивната сексуална ориентација, пол, идентитет и изразување и родови карактеристики.

Додека пак, со вклучување на ЛГБТИ заедницата, економијата на Србија би добивала дополнителни 293 милиони долари годишно, а економијата на Република Северна Македонија би добивала дополнителни 64 милиони долари.

Директорот на Светската банка за Западен Балкан, Шаокинг Ју, изјави дека инклузијата е од суштинско значење за реализација на целосниот развоен потенцијал на земјите.

„Пристапот до основните услуги и пазари и можноста за достоинствен живот се темелите на успешниот и одржлив развој“, додаде Шаокинг Ју.

Според Шаокинг Ју, ова истражување покажува дека вклучувањето на ЛГБТИ луѓето не е само „правилно нешто“, туку и основа за стабилна економија.

Според извештаите на Светската банка, Република Северна Македонија и Србија воведоа важни реформи кои ги штитат правата на ЛГБТИ заедницата, но тие се уште се соочуваат со дискриминација и исклучување.

Во Србија, ЛГБТИ луѓето сè уште имаат поголема веројатност да бидат економски обесправени од општата популација, а еден од седум ЛГБТ лица во Република Северна Македонија сè уште се соочува со дискриминација на работното место во однос на вработување, отпуштање и професионално напредување.

Во извештаите на СБ се забележува дека зајакнувањето на вклученоста на ЛГБТИ лицата бара спроведување на клучните реформи договорени како дел од процесот на пристапување во ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author