01.09.2023 Скопје
Африканската унија го суспендира членството на Габон, еден ден откако воените офицери го соборија претседателот Али Бонг, што е прв регионален одговор на осмиот државен удар во Западна и Централна Африка од 2020 година.
Овој државен удар става крај на речиси шестдецениското владеење на династијата на семејството Бонго и создава нова криза во регионот погоден од бранот пуч што нигерискиот претседател Бола Тинубу го нарече „зараза на автократијата“.
Советот за мир и безбедност на Африканската унија денеска го направи првиот чекор и му забрани на Габон да учествува во сите активности, тела и институции на оваа организација до воспоставување на уставниот поредок.
Како и другите хунти кои ја презедоа власта во регионот, воените лидери на Габон се обидуваат да ја консолидираат моќта и покрај меѓународната осуда.
Генералот Брис Олигуи Нгуема, водачот на пучот и поранешен шеф на претседателската гарда, треба да положи заклетва како претседател во понеделник, 4 септември.
Подготвено од А.Ѓ.