05.09.2023 Скопје
Германија во јули оствари надворешнотрговски суфицит од 15,9 милијарди евра, што е помалку од јуни кога изнесуваше 18,7 милијарди евра.
Податоците на Дестатис покажуваат дека извозот од Германија е намален за 0,9 отсто во однос на претходниот месец и за цел отсто во однос на јули 2022 година, на 130,4 милијарди евра.
Извозот во Европската унија изнесува 71,9 милијарди евра, додека во трети земји се извезени 58,5 милијарди евра.
Увозот се зголеми за 1,4 отсто на месечно ниво, но падна за 10,2 отсто на годишно ниво и достигна 114,5 милијарди евра, од кои стоки во вредност од 61,7 милијарди евра се од ЕУ.
Увозот од трети земји изнесува 52,8 милијарди евра.
Во меѓувреме, несезонскиот надворешно-трговски суфицит во јули изнесува 16,4 милијарди евра.
Подготвено од А.Ѓ.