13.09.2023 Скопје
Недостигот на ветер викендов ги зголеми трошоците за енергија низ Европа, при што цените на електричната енергија во Германија го достигнаа највисокото ниво во последните седум месеци.
На пазарот цената на мегават-час (MWh) струја во Германија надмина 150 евра, што е највисока во последните седум месеци.
Вчеравечер, цената на струјата во Германија достигна максимални 524 евра за мегават час.
Покрај во Германија, струјата е поскапа и во Холандија, повеќе од 148 евра за MWh.
Не е многу поразлична ситуацијата и во Белгија каде цената на мегават час е 133,4 евра.
Експертите оваа појава ја припишуваат на недостигот на производство на енергија од ветер по неколкудневното топло време.
Покрај ова, Белгија моментално доживува намалено производство на нуклеарна енергија.
Подготвено од А.Ѓ.