05.09.2023 Скопје
Шпанија за време на викендот беше погодена од силно невреме, придружено со силен ветер, силен дожд, молњи и град.
Поради невремето, летовите беа одложени, а железничките услуги беа прекинати, поради што стотици патници останаа блокирани на железничките станици во Мадрид, Малага и други градови.
Затворени се многу патишта, улици и паркови, поплавени се бројни куќи и гаражи, оштетени се многу фасади и откорнати дрвја.
Подготвено од А.Ѓ.