aerodrom

26.09.2023 Скопје

Лондонскиот аеродром Гетвик оваа недела се соочува со повеќе прекини на летовите, но овој пат тоа не е штрајк.

Епидемијата на коронавирус ги приземји авионите на Лондон Гетвик, вториот по големина аеродром во Обединетото Кралство.

Од неделата, дневниот лимит во Гетвик беше намален на 800 летови со цел да се одржи безбедноста. Поради епидемијата откажани се 164 летови. Од аеродромот истакнаа дека се надеваат дека ограничувањата ќе им помогнат да избегнат откажувања во последен момент.

Поради коронавирусот, отсуствуваат 30 отсто од контролорите на летови, а само во понеделникот беа откажани 50 летови, од кои повеќето од EasyJet.

Сепак, многу други летови доцнеа и до седум часа поради недостиг на персонал.

Се проценува дека околу 8.000 патници останале без превоз, главно на линиите за Белфаст и Даблин.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author