metju miller 123

26.09.2023 Скопје

Метју Милер, портпаролот на Стејт депарментот, изјави дека САД силно ги осудуваат „координираните насилни напади“ врз косовската полиција во Бањска на 24 септември и ги повика Белград и Приштина да се воздржат од какви било дејствија или реторика што би можеле дополнително да ги поттикнат тензиите.

„Значи, најнапред, најостро ги осудуваме координираните насилни напади врз косовската полиција. Изразуваме длабоко сочувство до семејството на наредникот на косовската полиција кој беше убиен за време на службената должност. Сторителите на ова злосторство мора да одговараат преку транспарентен истражен процес. Ги повикуваме владите на Косово и Србија да се воздржат од какви било дејствија или реторика кои би можеле дополнително да поттикнат тензии и веднаш да работат во координација со меѓународните партнери за деескалација на ситуацијата, обезбедување безбедност и владеење на правото и враќање на дијалогот со посредништвото на ЕУ“, истакна Милер на прес-конференцијата.

Во селото Бањска ноќта меѓу саботата и неделата дошло до судир меѓу локалните Срби и т.н. на косовската полиција, при што загинаа четворица Срби и еден полицаец.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author