07.09.2023 Скопје
Српските кошаркари, четирикратни последователни шампиони на Европа, дојдоа на два чекори од одбраната на титулата, откако по голема драма во четвртфиналето на ЕП во Израел ја совладаа Холандија со 21:19.
Холандија се покажа како многу тежок противник за „орлите“, кои во еден момент водеа со 8:5, но само во драматичен финиш го решија мечот.
По 13:13 „орлите“ поведоа 15:13, па 20:16, но Холанѓаните се вратија на 19:20 и имаа дури четири шута за победа, но Ван дер Хорст ги промаши сите зад 6.75. линија. На крајот Страхиња Стојачиќ со забивање ја испрати Србија во полуфиналето.
Србија во полуфиналето ќе игра против победникот од пресметката меѓу Летонија и Чешка.
Подготвено од А.Ѓ.