11.09.2023 Скопје
Новак Ѓоковиќ триумфираше на Отвореното првенство на САД и го израмни апсолутниот тениски рекорд на Маргарет Корт од 24 освоени гренд слем титули.
Во финалето во Њујорк, Ѓоковиќ го совлада Данил Медведев со 6:3, 7:6, 6:3 и од денеска повторно ќе биде светски рекет број еден.
Ѓоковиќ во почетокот на оваа година го надмина машкиот рекорд од 22 гренд слем титули што го држеше Рафаел Надал и потоа во финалето на Вимблдон ја испушти првата шанса да ја достигне Корт.
Сега ја надмина 81-годишната австралиска тенисерка, која освои 24 гренд слем титули во периодот од 1960 до 1973, заокружувајќи го рекордот токму на Ју-Ес опен.
Подготвено од М.Н.