05.09.2023 Скопје
Репрезентацијата на Србија со победа над Литванија во четвртфиналето на Светското првенство се избори за пласман во полуфиналето.
До победа екипата на Србија ја предводеше одличниот Бојан Богдановиќ со 21 поен, успешно го следеше Филип Петрушев со 17 поени (шест скокови), а Стефан Јовиќ постигна 11 поени (пет асистенции).
Избраниците на Светисав Пешиќ славеа убедливо со конечен резултат 87:68 (24:25, 25:13, 24:17, 14:13).
Ривалот на репрезентацијата на Србија ќе се знае по полуфиналната фаза, односно победникот од четвртфиналниот дуел Канада – Словенија, кој е закажан за среда во 14.30 часот по македонско време.
Подготвено од М.Н.