02.09.2023 Скопје
Портпаролот на косовската царина Адриатик Ставилеци потврди дека косовската царина спроведува акција во пет аптеки во Приштина, под сомнение за шверц на дрога и нивна продажба.
„Да, акција се одвива на повеќе локации во Приштина, односно во 5 аптеки“, потенцира Ставилеци за Коха.
Косовската царина пред два дена во регионот на Приштина спречи уште еден случај на шверц на дрога од Албанија и Србија.
Во соопштението се наведува дека во регионот на Приштина, косовската царина, поддржана од косовската полиција, запре сомнително возило. Во овој случај откриена е значително количество дрога шверцувана од Албанија и Србија.
Понатаму, беше речено дека шверцуваната стока е одземена, а против лицата инволвирани во овој прекршок е поведена судска постапка.
Подготвено од А.Ѓ.